Видеото кое го топи срцето го прикажува моментот кога шимпанзо, кое било користено за лабораториски истражувања, го гледа небото за прв пат.
28-годишно шимпанзо по име Ванила помина многу години во заробеништво во биомедицинска лабораторија во Њујорк. Во тој објект животните се чуваат во кафези и не излегуваат надвор. Двапати била префрлена во други објекти, но до сега никогаш не била надвор.
Ванилата конечно беше сместена во отворено засолниште за животни во Флорида и сега има можност да истражи површина од три хектари.
На видеото е прикажана реакцијата на шимпанзо кое за прв пат во животот може да го види целото сино небо над неговата глава.