На сите верници од исламска вероисповед од мое лично име и од името на вработените во локалната самоуправа на општина Ресен, Ви го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам.
Нека овој празник донесе спокој, мир и хармонија во секој еден дом, во духот на празникот сплотено да подадеме рака на секој еден на кој му е потребно, како и да продолжиме да се почитуваме меѓусебно денеска и во иднина со сите наши различности, само така ќе успееме во заедничкото функционирање во нашето општество.
Честит
Курбан Бајрам, стои во честитката на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.