More

    Путин во својот говор ја пофали руската војска што го одбила бунтот

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред околу 2.500 припадници на руските безбедносни сили, националната гарда и воените единици изјави дека народот и вооружените сили застанаа заедно против бунтовничките платеници во еднодневниот бунт што заврши во саботата.

    На митинг, одржан на плоштадот во комплексот Кремљ, на Путин му се придружи министерот за одбрана Сергеј Шојгу, чие смена побараа платениците од групата на „Вагнер“ за време на нивниот бунт и „маршот на правдата“ кон Москва.

    На почетокот Путин повика на едноминутен молк во чест на руските воени пилоти кои загинаа за време на бунтот.

    Војниците на „Вагнер“ ќе го предадат оружјето, ќе им биде дозволено да се вратат во базите, а обвиненијата против нив ќе бидат симнати.

    Набљудувачката мисија на Обединети нации во Украина денеска соопшти дека Русија привела повеќе од 800 цивили од почетокот на конфликтот во февруари минатата година, од кои 77 биле егзекутирани.

    ОН во извештајот распознале и произволно притворање, како и дополнителни прекршувања на човековите права, вклучително тортура, малтретирање и присилно исчезнување во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img