Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти.

Според нив, во нападот биле целосно уништени неколку куќи, објави Би-Би-Си.

Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека 7 луѓе се повредени во нападот, а од урнатините е извлечено тело на едно лице.

Генералштабот на вооружените сили на Украина претходно предупреди дека руските сили продолжуваат со ракетни напади врз станбени населби низ целата земја, намерно насочени кон складишта за гориво во обид да ја „отежнат логистиката“ и „да создадат услови за хуманитарна криза“.

Во изминатите денови беа погодени магацини за гориво во неколку градови, како што е главниот град Киев, но и Лавов, Ривне, Житомир и Луцк, јави Би Би Си.

Според украинската војска, руски војници го тероризираат локалното население во главниот град Киев, Запорожје, Керсон и Харков, ограбувајќи, киднапирајќи и држејќи цивили како заложници.

Податоците за гранатирањето и акциите на руските војници не се потврдени од независни извори, објави Би Би Си.

Share This Article