More

    Растот на обновливите извори на енергија не ја ни допре доминацијата на фосилните горива

    spot_img

    Глобалната побарувачка за енергија ќе порасне за еден процент во 2022 година, а рекордниот раст на обновливите извори на енергија не ја ни намали доминацијата на фосилните горива, покажа глобалниот енергетски извештај во понеделникот.

    Минатата година беше одбележана со превирања на енергетските пазари поради руската инвазија на Украина, која ги зголеми цените на гасот и јагленот на рекордно ниво во Европа и Азија, покажува истражувањето на Британскиот енергетски институт.

    Институтот за прв пат го состави извештајот за енергетиката, заедно со консултантски фирми KPMG и Kearny, преземајќи ја работата од BP, која го објавуваше од средината на минатиот век.

    Производите од нафта, гас и јаглен задржаа убедливо водечка позиција во покривање на побарувачката на енергија, со учество од 82 отсто во понудата, како и во 2021 година, и покрај досега најголемиот пораст на капацитетот за производство на енергија од обновливи извори, за вкупно 266 гигавати.

    Кога хидроенергијата е исклучена, обновливите извори учествуваа со 7,5 отсто од глобалната потрошувачка, што е еден процентен поен повеќе од 2021 година, а растот во секторот беше предводен од соларната и ветерната енергија, открија авторите на извештајот.

    Производството на електрична енергија се зголеми за 2,3 отсто, послабо од 2021 година Уделот на сончевата и ветерната енергија достигна рекордни 12 отсто, повторно надминувајќи ја нуклеарната, чие учество се намали за 4,4 процентни поени.

    Растот на производството на електрична енергија од обновливи извори, со исклучок на хидроцентралите, малку забави, на 14 отсто, со најголем удел на сончевата енергија и Кина во улога на мотор за раст.

    Јагленот ја задржа доминантната позиција со учество од околу 35 отсто во производството.

    Глобалната побарувачка на гас падна за три отсто поради рекордните цени во Европа и Азија, но сепак сочинуваше 24 отсто од потрошувачката на примарна енергија, само маргинално помалку од една година порано.

    Производството на гас беше стабилно, со рамномерно зголемување од 5 отсто во производството на течен гас на 542 милијарди кубни метри, а предничат и Северна Америка и азиско-пацифичкиот регион.

    Европа беше во голема мера одговорна за растот на побарувачката за течен гас, зголемувајќи го увозот за 57 отсто, додека земјите од азиско-пацифичкиот регион и Јужна и Централна Америка купуваа помалку. Во тој процес, Јапонија ја смени Кина како најголем увозник на течен гас во светот.
    Потрошувачката на јаглен се зголеми за 0,6 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од 2014 година, главно поддржана од кинеската и индиската побарувачка, додека таа се намали во Северна Америка и Европа.

    Производството на јаглен беше седум отсто поголемо од претходната година, пред се благодарение на Кина, Индија и Индонезија.

    Глобалната побарувачка за примарна енергија се зголеми за околу еден процент минатата година, по скокот од 5,5 отсто во 2021 година, но сепак беше три отсто повисока отколку во 2019 година пред пандемијата.

    Потрошувачката на енергија се зголеми насекаде, освен во Европа, се вели во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img