More

    Радев им пиша писмо на европските лидери и институции

    spot_img

    Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е само премилинарен услов за почетокот на преговорите за членство на земјата во ЕУ и тоа не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија.

    Ова го наведува бугарскиот претседател Румен Радев во писмото испратено до европските лидери и институции, а преку кое апелира приемот на земјава во ЕУ да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичката политика.

    Во писмото, Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и ја бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на Македонија.

    „Истовремено, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ, оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство преку сеопфатни општествено-политички реформи. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права“, наведено е во писмото, пренесе бугарски Њуз.бг.Според Радев, настаните на кои денес сме сведоци покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат.

    Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули годинава, сѐ уште не доведе до решение на проблемите, напишал Радев.

    „Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат црни списоци за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, зачестува административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари. Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји“, се вели во писмото.

    Радев ја посочил резолуцијата на германскиот Бундестаг како пример за наметнување на главниот наратив на политичките кругови и медиумите во Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа идентитетот на Македонија.

    „Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на Северна Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година“, изјавил Радев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img