More

    Од 1 јули 2024 година  целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксо-биоразградливи ќеси за носење на стоки кои моментално ги плаќаме по 15 денари во продавниците

    spot_img

    Од 1 јули 2024 година  целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксо-биоразградливи ќеси за носење на стоки кои моментално ги плаќаме по 15 денари во продавниците. Оваа обврска за трговците е утврдена со Закон за управување со пакување и отпад од пакување од 2021 година.

    Тоа значи дека од  1 јули следната година задолжително ќе биде да  се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса односно изработен според стандардот МКС EN ISO 17556: 2020.

    Од овој датум престанува употребата на оксо-биоразградливи ќеси (стандард МКС 1009) кои беа задолжителни од 2013 година.

    Ќеси за носење на стоки се ќеси над 15 микрони наменети за носење на производи и стоки за лична потрошувачка кои се набавуваат во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало.

    Во употреба остануваат пластичните ќеси  за носење текстил, книги, канцелариски материјал, техничка стока, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови на обувки, детски играчки, спортска опрема и слична стока.

    Ќесите за ѓубре не претставуваат ќеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img