More

    Како Саудијците земаат играчи од Европа? Принцот испраќа авион вреден 220 милиони долари!

    spot_img

    Некогаш Кина, а сега Саудиска Арабија е дестинацијата на која сакаат да заминат многу познати фудбалери од Европа. Зошто? Причината е прилично едноставна – пари. Некои играчи сакаат да земат повеќе пари и да ја изберат Саудиска Арабија како следен чекор во кариерата. Најпознат пример е Кристијано Роналдо, а сега е откриено како одредени клубови привлекуваат играчи.

    Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало преку видео откри каков луксуз ги очекува играчите кои ќе се решат да потпишат за неговиот нов клуб Ал Хилал. Тие на натпреварите одат со приватен авион, каде се „пука“ од луксуз. Станува збор за Боинг 747 кој чини околу 220 милиони долари и е испратен од принцот Алвалид бин Талал, ,милијардер од Саудиска Арабија кој го обожава овој клуб.

    Овој авион вообичаено може да собере 400 патници, но беше реконструиран на поинаков начин и фокусот беше ставен на луксузот. Значи, постои посебна област каде што играчите можат да јадат, на која има златен трон. Со овој авион наскоро би требало да патуваат Калида Кулибали (пристигнува од Челзи), Рубен Невес (пристигнува од Волвс), додека најголемото име би можело да биде Бернардо Силва, играчот на Манчестер Сити кој доби астрономска понуда. На листата на желби е и Ромелу Лукаку. Сите можеа да видат што ги чека доколку потпишат за овој конкретен клуб.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img