Кристин Давуд во трагедијата на подморницата Титан ги загуби сопругот и синот. Авантура која требало да ги поврзе таткото и синот, пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, за семејството се претвора во голема трагдија.
Несреќната мајка во своето прво појавување во јавноста, во инетрвју за Би-би-си откри како дошло до тоа тие двајца да тргнат на ова патување и дека нејзиниот син имал само една желба.
Сулејман Давуд, на своето патување понел Рубикова коцка, а неговата главна цел била да го собори светскиот рекорд, открива неговата мајка во првото појавување во јавноста.
Кристин Давуд за Би-Би-Си изјави дека Сулејман веќе се пријавил за Гинисовата книга на рекорди, а неговиот татко Шахзада донел камера за да снима се. За жал, нивната авантура на Атлантикот не траеше долго – Титан имплодираше, а екипажот и гостите загинаа.
Кога се случила трагедијата Кристин била на Поларниот принц, бродот што го следел Титан.
-Комуникацијата со Титан беше изгубена многу брзо. Не разбрав што значи тоа во тој момент, но потоа се тргна надолу. Требаше да бидам во таа подморница уште порано, но пандемијата ми ги расипа плановите. После тоа, му го препуштив местото на Сулејман, кој многу сакаше да оди. Ја обожаваше Рубиковата коцка, ја носеше секаде со себе. Знаеше да го реши за 12 секунди. Во еден момент ми рече: „Сакам да ја решам Рубиковата коцка на длабочина од 3.700 метри во близина на Титаник“, раскажува несреќната мајка.
Ќерката Алина и правела друштво на Кристин на бродот додека ги испраќале патниците на подморницата. Целото семејство се дружеле и се шегувале се до моментот кога таткото и синот стапнале во Титан.
-Бев среќна поради нив, толку многу сакаа да одат… А мојот сопруг беше опседнат со се и сешто, тој беше оној тип на човек кој после вечера оди да гледа документарни филмови, рече Кристин Давуд.
Таа зборува и за тешките моменти на неизвесност кога подморницата исчезнала.
-Во тој момент не разбрав што може да значи тоа. Но потоа сè само тргна надолу. Мислам дека изгубив надеж по 96 часа. Се подготвив за најлошото…,открива Кристин Давуд.
Во трагедијата на подморницата Титан која имплодира на пат кон потонатиот брод Титаник, животото го загубија пет лица.