More

    Британски генерал смета дека има нешто повеќе во договорот со Лукашенко

    spot_img

    Британскиот генерал Ричард Денат, поранешен началник на Генералштабот на британската армија, во интервју за Скај Њуз предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на можен напад врз Киев од Белорусија, на чело со Евгениј Пригожин. Можно ли е во разговорот меѓу Лукашенко и Пригожин во саботата навечер да се заговарал и ваков напад?

    – Загрижува фактот што тој замина во Белорусија – изјави британскиот генерал за првиот човек на „Вагнер“.
    Доколку Пригожин „ја задржа ефективната борбена сила околу себе, тој тогаш повторно претставува закана за украинското крило, што е најблиску до Киев“, оцени Денат.

    – Иако се чини дека ова е готово, мислам дека „афтершоковите“ ќе одекнуваат уште некое време. Украина мора да ги набљудува своите крила и да биде подготвена за маневри за одбивање напади што може да дојдат од правец на Белорусија – подвлече генералот за Скај Њуз.

    На Твитер се појавија мапи и мемиња кои покажуваат колку блиску е Киев до Белорусија. Сепак, евентуалниот план на Пригожин засега останува мистерија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img