Неуспешниот бунт на Евгениј Пригожин кој за малку ќе влезеше во Москва може да значи почеток на крајот за Владимир Путин, рускиот претседател. Вака размислува Мик Рајан, пензиониран генерал-мајор во австралиската војска и соработник на Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
Рајан изјави за Бизнис Инсајдер дека бунтот на Пригожин ќе има „кратко, среднорочно и долгорочно влијание“ врз војната во Украина, како и врз стабилноста на Русија во иднината.
– Авторитетот на Путин е отворено оспорен и тој не изгледа многу добро – вели Рајан и сугерира дека ова може да им го намали моралот на руските војници.
Додека следните чекори на Путин остануваат под знак прашалник, Рајан смета дека „утре кога ќе го гледаме падот на Путин, тука ќе биде местото каде тоа почнало“.
Но, според Рајан и деновите на Пригожин се одбројани, односно „тој нема долго да биде на овој свет“.
– Путин е прилично одмаздољубив поединец. Мојата смисла е дека Пригожин веројатно не треба да резервира сместување во пензионерски дом, знаете. „Мислам дека неговите денови најверојатно се броени – изјави генералот.
Тој како да ја повтори тезата на политикологот Марк Галеоти, кој за лондонскиот Тајмс напиша дека крајот на играта за Путин започна.
Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Пригожин ќе замине за Белорусија и дека ќе бидат укинати обвиненијата против него.
Борците на „Вагнер“ почнаа да се повлекуваат од Ростов на Дон, јавуваат британските репортери.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека понеделник ќе остане неработен ден за жителите на руската престолнина, иако е завршен вооружениот бунт на платениците на од групата „Вагнер“ и пресметките на главниот пат кон градот.