More

    Македонска делегација во посета на новиот Клинички центар во Белград

    spot_img

    Делегација на Министерството за здравство предводена од заменик-министерот Владимир Рендевски оствари работна посета на новиот Клинички центар на Србија (КЦС) во Белград за да се запознае со организацијата на работата, поставеноста на Ургентниот центар со одделите и операциските сали и стационарниот оддел. Посетата беше искористена и за доделување на наградата 13 Ноември на град Скопје на проф.д-р Владимир Башчаревиќ од Клиниката на неврохирургија, јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што изјави заменик-министерот Владимир Рендевски, посетата е организирана во рамки на Првата светска конференција за Ковид-19, за запознавање со организацијата на работата и поставеноста на Ургентниот центар со одделите за интензивното одделение и операциските сали, стационарниот оддел, а се со цел стекнување на искуства за изградба на нашиот Клинички центар и урнек за останатите болници кои ќе се градат во Р.С. Македонија.

    – Се работи за еден импозантен објект во поглед на просторните капацитети кои се одделени во самиот Ургентен центар, каде постојат одредени зони. Се запознавме и со одделите за интензивно лекување, каде на еден кат се поставени лекувањата за интернистичките гранки, додека на вториот кат е одделот за интензивно лекување на хируршките гранки и трансплантациската хирургија. Во останатите осум ката се наоѓаат стационарни еднокреветни и двокреветни соби. Ова е навистина еден голем капацитет којшто ги исполнува сите европски можности за современо лекување и би бил еден добар пример за нас, за понатаму во изградбата на нашиот Клинички центар, којшто се надевам ќе успееме да го направиме, изјави Рендевски.

    Проф. д-р Јовица Милановиќ, заменик-директор на КЦС, рече дека ги кажале нивните искуства при градењето на новиот КЦС и изрази надеж дека во рамки на иницијативата Отворен Балкан ќе биде продлабочена и стручната соработка.

    – Го обиколивме заедно Клиничкиот центар кој пред месец дена е отворен. Во него ќе имаме 34 операциски сали, седум ангео сали, три магнетни резонанси, девет скенери и 21 рендген кабинет, а го нарачавме и Давинчиевиот робот кој наскоро ќе почне со работа. Со колегите од Северна Македонија ги пренесовме нашите искуства во изградбата на објектот, сите проблеми, а бидејќи е во план изградбата на нов Клинички центар во Скопје, нашите колеги да не наидат на исти проблеми. Се надевам дека во рамките на Отворен Балкан ќе имаме можност уште повеќе да ја разменуваме стручната соработка оти таа не поврзува и ни овозможува подобро да ги користиме капацитетите на КЦС во Белград или во Скопје, изјави проф. д-р Миловановиќ.

    Проф. д-р Марко Херцеговац, директор на Ургентниот центар во КЦС, истакна дека се работи за најсовремен начин на работа на ургентната медицина, копиран од најмодерните центри во светот.

    – Најважен принцип во секоја модерна зграда како што е оваа во КЦС е совршено развиениот степен на Ургентната медицина. Приемната тријажа, разграничување на степенот на итноста беше во фокус на оваа зграда и на организација на службата на Ургентниот центар, кој треба да држи 60 отсто од изградената зградата. Ова е важно оти на самиот влез во Ургентниот центар се прави примарна тријажа за тоа кои пациенти се итни, а кои не се, и оние вторите одат во амбуланти на различни специјалности, додека лекарите од ургентната медицина го дефинираат степенот на итност на пациентите, објасни директор на Ургентниот центар во КЦС, додавајќи дека на тој начин пациентите се распоредуваат во три независни единици кои можат да бидат единици за опсервација, преглед и за лекување. т.е. според степенот на итност после зелената, која не е итна, оди жолта, портокалова и црвената.

    Од досегашното искуство, жолтата е таа која е најоптоварена и има 14 места за опсервација, преглед и дијагностика.

    – Се покажа дека времето при поставувањето на првата дијагноза и терапија е круцијално и затоа ние пред сè вложивме во едукација на сите 19 лекари во ургентната медицина, кои досега никогаш не работеле на хоспитализација туку на терен, во Итната помош. Нивната улога овде е покомплексна и комплетна, бидејќи пациентот добива сè што е потребно на самиот прием, а специјалистите од различни специјалности се тука да ги преземат понатаму, изјави Херцеговац, кој рече дека во организацијата на работата ги користеле искуствата на најмодерните центри во светот.

    Посетата беше искористена и за доделување на 13 Ноемвриската награда на град Скопје на проф.д-р Владимир Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во КЦС, кој заедно со медицинскиот тим на Клиниката за неврохирургија и неврологија во Скопје, во изминатата година беше проктор со чија помош беа направени пет операции на вагуснервс стимулација кај пациенти со рефрактерна епилепсија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img