„И покрај вчерашната кризна средба, ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да ја толерираме“, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: апсења на Срби, маршот на косовските безбедносни сили во јужна Митровица, проследен со тешка реторика од Србија“, напиша Борел.
Борел вчера изјави дека произволните и незаконски апсења се недозволиви и истакна дека ЕУЛЕКС ќе почне посилно да ја следи ситуацијата.
По одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, тој повика на темелна истрага и проценка на апсењето, како и да се преземат соодветни дејствија потоа.
„Му повторив и на Вучиќ дека тројцата косовски полицајци кои беа уапсени во Србија мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“, изјави Борел.