Владата ги „казни“ украинските спортисти да не учествуваат на Олимпијада

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ги критикуваше украинските власти поради забраната на своите спортисти да учествуваат на олимписките квалификации на кои настапуваат и спортисти од Русија и Белорусија.

Украинските спортисти изминатите недели ги пропуштија светските или европските првенства во џудо, мечување и таeкводно на кои под неутрални обележја се појавија и руски и белоруски натпреварувачи.

МОK во мај предложи руските и белоруските спортисти да можат да се вратат на меѓународните натпреварувања под неутрален статус и под услов да немаат поврзаност со руските вооружени сили, а одлуката за нивен евентуален настап да ја носат раководните тела на меѓународните федерации.

– Тешко е да се разбере зошто украинската Влада им ја одзема шансата на своите спортисти да се квалификуваат (за Олимписките игри 2024) во Париз. Украинските спортисти ги казни сопствената влада – рече претседателот на МОК, Бах.

Share This Article