More

    Нов скандал на Нејмар: Го прекршил законот, но татко му се скарал со официјалните лица

    spot_img

    Градежните работи на вилата на бразилскиот фудбалер Нејмар во државата Рио де Жанеиро се стопирани поради прекршување на еколошките прописи, а се очекува тој да биде казнет околу еден милион евра, соопштија локалните власти.

    Напаѓачот на Пари Сен Жермен го купи имотот во Мангаратиба, 120 километри западно од Рио де Жанеиро, во 2016 година, а според извештаите на локалните медиуми се простира на 10.000 квадратни метри и вклучува хелиодром, спа и теретана.

    Локалните власти реагираа по жалбите на социјалните мрежи, а инспекцијата откри многу еколошки прекршувања, вклучително и пренасочување на водотеците и неовластено испумпување на вода од реката.

    Откриено е и неовластено копање и преместување земја, камења и карпи, како и користење на песок од плажа без дозвола.

    „Следен чекор ќе биде проценка на констатираните неправилности и изрекување парична казна, која според проценките и имајќи ја предвид штетата предизвикана врз животната средина нема да биде помала од пет милиони реали (околу 960.000 евра)“, соопшти градската управа.

    Таткото на фудбалерот, Нејмар да Силва Сантос, бил присутен на инспекциската посета и на видеата може да се слушне како се расправа со официјалните лица.

    31-годишниот бразилски фудбалер моментално се опоравува од операцијата на десниот скочен зглоб, на која во март му беше извршена во Катар.

    Нејмар нема играно од февруари, а се шпекулираше дека би можел да го напушти ПСЖ со кој има договор до 2027 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img