Р.С. (41) од Скопје управувајќи трицикл вчера попладнето на ул. Александар Урдаревски во Скопје изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка, информира МВР во билтенот.
По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција – се вели во билтенот на МВР.