Има еден знак што редовно ги мачи македонските туристи кои со сопствени автомобили одат во грчките летувалишта. Се работи за пречкртана вертикална дебела линија, а некогаш се и две. Плусинфо веќе пишуваше дека годинава се воведени нови „солени“ казни кај нашиот јужен сосед.
Но, што значи знакот? Во првиот случај, тоа е забрана за паркирање од таа страна на улицата во непарните месеци од годината, односно јануари, март, мај, јули, септември и ноември.
Ако на знакот се пречкртани две црти тогаш забраната важи за парните месеци од годината, односно февруари, април, јуни…