Украинското воено воздухопловство соопшти дека во текот на ноќта собориле 13 руски крстаречки ракети кои биле насочени кон воен аеродром во западниот дел на земјата.
„Сите 13 ракети Kh-101/Kh-555 беа уништени од украинската противвоздушна одбрана“, соопштија Украинците на Telegram.
Се додава дека нападот бил насочен кон воен аеродром во регионот Хмелницки, на запад.
Од мај, Русија го засили своето ноќно бомбардирање на Украина со експлозивни беспилотни летала и проектили, додека Украина ја започна својата долгоочекувана контраофанзива на истокот и југот окупирани од Русија.
Украинските власти денеска соопштија дека е постигнат одреден напредок на југот за време на контраофанзивата.
Украинската армија на исток „продолжува да ја задржува офанзивата на руските сили“ и продолжија тешките борби.
„Нашите одбранбени сили ја запреа офанзивата на непријателот во областа Купјанск и Лиман“, изјави украинскиот заменик министер за одбрана Гана Малиар.