Пејачката Марија Шерифовиќ го исполни ветувањето и пристигнала во посета на едно момче од Зеница, Мустафа Хрустиќ, за кое се слушна откако беше објавено интервју со него, а во кое се гледа како спие под мост во споменатиот град.
Таа го изненадила Мустафа и го посетила во станот во кој неодамна се вселил, а ветувањето како и секогаш го исполнила и на Мустафа му ја платила киријата за станот за следната година, од крајот на август годинава до крајот на август следната 2024 година.
По посетата на Марија, нејзиниот менаџер го однел Мустафа во блискиот ресторан во неговата родна Зеница, каде што, додека тој ќе сака, ќе има бесплатни оброци – три дневно.
– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви примери, но ако малку му го подобривме и олеснивме животот макар и за момент, па ете и таа една година… – рекла Марија.