Шеширот што го носеше Мајкл Џексон кога првпат го изведе својот познат танцов потег „moonwalk“ ќе биде понудена на аукција на 26 септември во Париз, објавија организаторите на продажбата. Вредноста на шеширот е проценета меѓу 60.000 и 100.000 евра и овој вреден колекционерски предмет се очекува да биде атракција на аукцијата на рок сувенири во Париз.
На веста за цената што ја достигнал цениот шешир на Мајкл Џексон корисниците на социјалните мрежи од балканските простори веднаш се пошегуваа дека пејачот Харис Џиновиќ же стане милионер ако ги стави сите свои шешири на аукција.
Аукцијата ја организираат компаниите Artpèges и Lemon Auction, кои минатата година предизвикаа сензација со гитарата на Ноел Галагер, скршена ноќта кога се распадна групата Оазис, продадена за 385.500 евра.
На аукција ќе бидат понудени околу 200 предмети – фотографии, постери, билети за концерти, златна плоча на Мадона, винтиџ гитари, костими на Мартин Гор од Депеш Мод.
Меѓу другите предмети на аукцијата ќе биде понудена и гитарата на Ти-Бон Вокер произведена во само 22 примероци во 1949 година. Инструментот е проценет помеѓу 100.000 и 150.000 евра.
Целосната листа на околу 200 предмети што ќе бидат ставени на аукција, ќе биде објавена на 4 јули.