Се обидел да ја изеде кога го сопрела полицијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ајк Тарнер помладиот, синот на пејачката Тина Тарнер и Ајк Тарнер бил уапсен поради поседување крек и прикривање докази само неколку недели пред смртта на неговата мајка, објави порталот „Пејџ сикс“.

Полицијата во Алвин, Тексас, го уапсила 64-годишниот Ајк откако пронашла 1,7 грама крек-кокаин и 0,7 грама метамфетамин, дознава „Пипл“.

Ајк Тарнер помладиот е осуден на 18 дена затвор.

Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст на 24 мај. Тарнер возел бел „форд фјужн“ од 2013 година кога полицијата го сопрела поради помал сообраќаен прекршок.

Како што пренесува „Пипл“, полицајците ја заплениле дрогата откако виделе дека Тарнер се обидува да ја проголта, но тие успеале да му ја одземат.

Тарнер во моментот се наоѓа во затворот во округот Бразорија, одредена му е кауција од 70.000 долари.

Ајк и Тина имаа четири деца. Тина го имаше синот Крег со саксофонистот Рејмонд Хил пред да се омажи за Ајк. Таа имаше уште тројца синови – Рони (57), кој е единственото нејзино дете од бракот со Ајк и неговите деца од првиот брак – Ајк помладиот и Мајкл.

Share This Article