Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам“, која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена.
Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски.
Како и за сите нејзини предходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници сними и доста модерен спот.
– Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам“ ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме „вајбот“ што ни го даваше песната, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе и се допадне на публиката – вели Теа.
Инаку ова лето Теа ќе го помине работно, неа може да ја слушате и гледате секоја недела во летната дискотека „Хавана“ во Скопје, но настапи ќе има и во останатите градови во нашата земја.