More

    Бизнисмените се плашат за субвенциите, синдикатите бараат скалесто покачување

    spot_img

    Само пресметан минат труд од 0,5 отсто на основаната плата која од март ќе изнесува 18.000 денари ќе ги спречи компаниите да побараат субвенции на делот од придонесите за минималната плата. Ова го тврдат бизнисмени кои имале увид во предложениот текст на законот за минимална плата со кој се утврдува висината на минималецот.

    Синдикатите, пак, имаат друга болка како да издејствуваат усогласување на другите плати со минималната плата посебно во јавната администрација каде што како работодавач се јавува владата. Дел од синдикатите велат дека од востанувањето на минималната плата не се случило усогласување на платите во овој сектор и ја обвинуваат владата дека не ги почитува законите кои самата ги носи.

    Опозицијата со став дека во процесот на донесување на законот за минимална плата нема да дозволи тој да доведе до урамниловка.

    Бизнисмените тврдат дека според она што е предложено тешко дека ќе можат да ги земат субвенциите за придонесите за минимална плата кои се договорени на економско – социјалниот совет кога е утврден износот на минималната плата на 18.000 денари.

    – Со последниот договор за минимална плата утврдено е таа да изнесува 18.000 денари. Таа според законот и колективните договори се смета за основна плата под која не може да се пресмета плата. Во текстот на законот што го предлага владата, а кој го добивме во текот на преговорите, се утврдува субвенции за придонесите на минималната плата да се даваат за плата до 18.000 денари. Тоа значи дека компаниите ќе имаат проблем да исплатат ваква плата и да добијат субвенции. Поконкретно тоа значи дека ако сакаат да добијат субвенции работодавците треба да не го исплаќаат ниту законскиот минат труд од 0,5 отсто, а камо ли и другите додатоци на плата (прекувремени часови, работа во празник и недела, робота ноќе, работа во три смени) кои износот на најниската плата го зголемуваат над 18.000 денари колку што е утврден износот за кој ќе се добива субвенција – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

    Според него, предлогот ќе треба да претрпи измени за да им се даде можност на компаниите да аплицираат за субвенцијата за придонеси. Втор проблем е и тоа што во предлогот субвенцијата по работник е утврдена на 1.197 денари, но пресметките на компаниите по работник изнесуваат 2.800 денари на нето-плата од 18.000 денари.

    – Очекуваме дека, ако не владата, со амандмани, некој од пратениците ќе побараат допрецизирање на овој предлог на законско решение, бидејќи има низа недоречености поради кои ќе биде неприменливо – вели Ангелов.

    Тој предлага во законското решение да се овозможи компаниите да се определат за субвенција на плата која им одговара во моментот на исплата на плата – за субвенција според Законот за субвенција на плати кој е донесен 2019 година и важи до септември или за субвенцијата за минимална плата кој ќе важи со исплата на декемвриската плата.

    – Овие закони се суспендираат, односно ако се користи едната субвенција не може да се користи и другата. Мој предлог е при аплицирањето за субвенции во образецот на УЈП да се наведе за кој работник ќе се користи едната, а за кој другата субвенција. Така работодавачите ќе можат да ја изберат поповолната субвенција – вели тој.

    Во однос на скалестото зголемување на другите плати во компаниите како што бараат синдикатите, Димитров вели дека тоа не може да се примени во приватниот сектор бидејќи платата за секој работник се договара поединечно и се пресметува по учинок, но за јавниот сектор ова барање на синдикатот е поприменлива.

    – Како работодавачи ние сме за тоа работниците кои придонесуваат повеќе за компанијата да земаат и поголема плата, но не сме да даваме плата на работници кои не ги остваруваат ниту основните норми. Ова прашање веќе е регулирано со колективните договори на ниво на стопанството и по сектори и ако се сакаат измени во коефициентите на сложеност на работните места ќе треба да се прават нови договори. Колективните договори се усогласуваат со минималната плата во период од 6 месеци. Ние сме отворени за преговори, но синдикатот да не измислува термин „скалесто зголемување на платите“ бидејќи такви термини нема во одредби на ниту еден закон ниту колективен договор. Но, како што е секаде во светот, вредноста на работата треба да биде отсликана во платата, односно добрите работници треба да земаат повисока плата. Не можат сите да бидат исти како што бара синдикатот – вели Димитров.

    Најголем проблем при исплатата на минималната плата ќе имаат малите и микро фирмите и занаетчиите кои во сегашни услови едвај излегуваат на крај со платите.

    – За овие компании проблем ќе биде да обезбедат пари бидејќи сумата за бруто зголемувањето на минималната плата ќе биде 4.400 денари односно ако досега за бруто-плата исплаќале 22.100 денари сега ќе треба да платат 26.600 денари. По вработен тоа ќе значи само за придонеси да платат 2.800 денари, а најавата е дека владата ќе треба да субвенционира со 1.600 денари. За бизниси со 10 до 20 работници ова не е мала сума. Посебно ќе биде проблем исплатата на платите во занаетчиството каде што моментално тешко се излегува на крај обврските поради кризата и пандемијата – вели Миле Бошков претседател на Конфедерацијата на работодавачи.

    И тој смета дека во приватниот сектор усогласувањето на платите ќе треба да се направи со нови преговори за колективните договори.

    Дел од бизнисмените во секторите каде што платите се пониски од утврдениот минимален износ, велат дека по донесувањето на законот и пресметките како тоа ќе се одрази на нивните финансии ќе одлучат што ќе прават. Една од опциите е да посегнат и по отказни решенија за дел од вработените па и да ги затворат фирмите поради можните загуби.

    И во рамки на синдикатите кои главно се задоволни со зголемениот износ на минималната плата веќе се искажува незадоволство. СОНК вчера и денеска УПОЗ велат дека новото зголемување на минималната треба да се отслика и на платите на администрацијата судството и образованието и културата, бидејќи од 2012 година другите плати освен минималната која се зголемила за 120 отсто, не се зголемени повеќе од 10 отсто.

    Од Синдикатот на УПОЗ истакнаа дека не можат да го разберат, како што велат, незнаењето на Владата за начинот на пресметка и исплата на плата на сопствените работници.

    – Со новата вредност на минималната плата владата првпат во историјата на Македонија, ќе направи цела група вработени во администрацијата кои досега беа малку над минималната плата сега да примаат само минимална плата. Со самото тоа, владата ги омаложува и понижува своите вработени, и второ го зголемува процентот на вработени кои примат минимална плата на државно ниво од 13,8 отсто на скоро 18 отсто. До ваквата ситуација дојдовме поради фактот дека од 2012 година па до последното зголемување во понеделникот, минималната плата ќе се зголеми за неверојатни 120 отсто, а платите во администрацијата и правосудството досега се зголемени за 9 или 10 отсто – вели Трпе Деаноски од УПОЗ.

    Дека порастот на минималната плати треба да се одрази на другите плати смета и независниот академски синдикат (НАкС). Овој синдикат очекува дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја.

    Опозицската ВМРО – ДПМНЕ, пак, е со став дека ќе го поддржи најавениот Закон за минимална плата, но тврдат дека нема да дозволат со него да се направи урамниловка кај платите.

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски и денеска во изјава за медиумите рече дека неговата партија подготвува амандмани со кои ќе интервенира да не се случи тоа.

    – Токму затоа како пратеничка група ќе бараме усогласување на колективните договори со новата минимална плата од 18.000 денари. Очекуваме владејачкото мнозинство да излезе во пресрет на барањата и платите на културните работници, на наставници, на здравствените работници, но и на сите останати вработени во јавниот сектор да пораснат сразмерно со новата минимална плата – рече Стојаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img