More

    Шолц: Украина нема да може да стане членка на НАТО додека треа војната со Русија

    spot_img

    Украина нема да може да стане членка на НАТО додека треа војната со Русија – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од говорницата во Бундестагот, говорејќи за претстојниот самит на НАТО во јули Вилнус, Литванија.

    Тој додаде дека тоа и е јасно и прифатливо на владата во Киев и дека „мораме трезвено да ја погледнеме моменталната ситуација“.

    – Затоа предлагам во Вилнус да се фокусираме на она што сега е апсолутен приоритет, а тоа е зајакнување на борбената способност на Украина – додаде германскиот канцелар.

    Шолц рече дека Берлин и партнерите од Г7 и ЕУ работат на долгорочни безбедносни гаранции за Украина, наведувајќи дека целта е одржлива воена поддршка за Киев, вклучувајќи модерно западно оружје и зајакнување на економската отпорност на Украина.

    Тој го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Турција да го ратификува членството на Шведска во НАТО.

    – Цврсто верувам дека Шведска, како нов сојузник, треба да седне покрај Финска на масата на самитот – рече германскиот канцелар.

    Шолц рече и дека Германија од следната година ќе ја достигне поставената цел и ќе издвојува два отсто од својот годишен БДП за потребите на одбраната, во согласност со препораките на НАТО.

    Минатата година само седум земји на НАТО ја исполнија целта да издвојуваат два проценти од својот БДП за одбраната, а меѓу нив се САД и Полска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img