Банкротира германскиот гигант „Алгејер“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската компанија „Алгејер“ која е снабдувач со системи на автомобилската индустрија  и процесно инженерство поднесе барање за стечај.

Според германските медиуми, судот во Гепинген  на почеток на неделава назначи привремен стечаен управител.

Групацијата „Алгајер“ е снабдувач на системи за меѓународната автомобилска индустрија, вклучително и производство на калапи за панели на каросерија и технологија за обликување која вклучува производство на пресувани и подготвени за склопување компоненти.

Друг столб на Групацијата „Алгајер“ е инженерството на машини и апарати за процесна технологија. Компанијата произведува и доставува ширум светот системи за скрининг, сушење, ладење, перење и сортирање на компании во индустријата за преработка на големо.

Компанијата има производствени капацитети и продажни места во Германија, Шпанија, Шведска и многу други земји, како и филијали во сите поголеми индустриски земји во светот.

„Алгејер“ пред една година прејде во сопствеништво на кинеската групација  „Вестрон груп“.

Share This Article