Силна експлозија одекна попладнево во Париз, по што избувна пожар во неколку згради.
Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас. Париската полиција ги предупреди луѓето да ја избегнуваат областа.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека е во тек пожар во петтиот арондисман во Париз во близина на Универзитетот Сорбона.
На видеото се гледа и дека во експлозијата е урната една зграда. Се вели дека зградата што експлодирала е американско музичко училиште.
Локалните медиуми јавуваат дека има најмалку четворица тешко повредени.
– Слушнав огромна врева. Ја свртев главата и видов огнена топка. Веднаш побегнав – изјави сведокот на експлозијата.
– Бучавата беше заглушувачка. Уште се тресам. Полицијата пристигна брзо и ни кажа да се евакуираме – додава друг очевидец.