More

    Подморницата, всушност е „подводна капсула“ без навигација

    spot_img

    Американската и канадската крајбрежна стража трагаат по туристичка подморница со пет лица, меѓу кои и британскиот милијардер Хамиш Хардинг, на осумдневно патување до местото на потонувањето на Титаник. Контактот со подморницата бил изгубен час и 45 минути по нејзиното нуркање.

    Српската тиктокерка Александра која е и астрофизичарка, на својот профил снимила неколку видеа за подморницата во кои објаснува како всушност се изгубила подморницата и како е тоа можно. Во своето видео таа нацрта и дијаграм и детално објасни каде мора да оди подморницата за да не го изгуби „компасот“.

    – Што значи дека подморницата е изгубена? Го направив овој мал дијаграм за да објаснам како функционира. Зборот подморница не е она што всушност се нарекува „подводна капсула“. Замислете капсула која нема никаква технологија за функционирање сама по себе. Целосно зависи од матичниот брод. Подморницата е глува и слепа. Ниту знае каде е ниту кога е таму. Подморницата се спушта од матичниот брод и мора да биде во постојан контакт со него. На неколку минути се испраќаат текстуални пораки – појаснува Александра во видеото што го објави на Тик-ток.

    Но, комуникацијата е во функција само во одреден опсег, односно кога подводната капсула е во близина на бродот.

    – За да се испратат овие пораки, подморницата мора да биде повеќе или помалку точно под бродот. Има струи во океанот, струите ќе ја носат подморницата лево, десно, напред, назад и затоа комуникацијата со бродот е важна. Бродот ти кажува дека си излетал од патот,врати се малку назад,врати се малку налево итн. Кога велиме дека подморницата е изгубена значи дека скршнала од оваа траекторија што ја има и веќе не е точно под бродот, дека е малку изгубена некаде и дека е изгубен контактот со главниот брод. Бидејќи подморницата е глува и слепа, нема поим каде се наоѓа – вели српската астрофизичарка.

    Таа исто така објасни зошто подморницата не може да се лоцира со сонарот.

    – Ја бараат со сонар, но тоа е како да барате игла во стог сено. Подморницата е долга само 6 метри и сонарот не ви кажува што сте нашле. Ви кажува колку е далеку од тебе, ви кажува дека сте наишле на пречка, до каде е таа пречка и колку е голема. Не може да ја разликувате подморницата од деловите на потонатиот брод Титаник или да речеме карпа. ГПС и радио сигнали не функционираат на оваа длабочина –  вели Александра.

    Таа додаде дека подморницата има неколку начини да се врати на површината. Постојат воздушни перничиња кои се надувуваат и ја туркаат подморницата на површина, како и тоа дека подморницата може да се ослободи од товарот за да биде полесна и да плови. Но, ако таа е заплеткана некаде во океанот во мрежа или остатоци, таа не може да го стори тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img