More

    Шарлиз Терон проговори за страшната траума од детството

    spot_img

    Шарлиз Терон, оскаровката и една од најомилените актерки на денешницата, денес води живот за каков во детството можела само да сонува.

    Животната приказна на актерката е помрачна од најдепресивните филмови во кои глумела, особено кога станува збор за нејзиното детство кое не би им го посакала ниту на најлошите непријатели.

    Шарлиз Терон пораснала на фарма близу Јоханесбург. Таткото на актерката имал сериозни проблеми со алкохолот, па семејството непрекинато трпело поради неговите испади. Најголема жртва на неговата зависност била актерката која детството го поминала покрај татко кој ја малтретирал и неа и нејзината мајка.

    Шарлиз својот татко го опишала како болен човек покрај кој животот ѝ бил пекол.

    „Деновите со зависник се непредвидливи и таа непредвидливост се вградува во организмот до крајот на животот. Најлоша беше таа ужасна ноќ со него која е полоша од неговиот алкохолизам“, изјавила актерката.

    Ноќта која на актерката ѝ останала како најголема траума е онаа кога нејзиниот татко дошол дома целосно изгубен од алкохолот. Зел пиштол и мавтал со него во собата. Набрзо потоа се слушнало пукање. Нејзиниот татко испукал неколку куршуми кон собата во која таа и нејзината мајка биле скриени.

    „Мајка ми и јас бевме во спалната соба потпрени на вратата додека тој ја туркаше. И двете бевме од другата страна и туркавме за да не може да влезе. Направи чекор назад и пукаше во вратата три пати. Ниту еден куршум не нè погоди, што е вистинско чудо. Но, таа во самоодбрана пукаше во него“, рекла Шарлиз и додала дека не се срами да зборува за тоа.

    Исходот од трагичната ноќ е дека мајка ѝ го ранила вујко ѝ, и го убила татко ѝ. Мајката на Шарлиз не била осудена поради тоа што судот заклучил дека тоа било самоодбрана. Но, на прашањето дали би променила нешто да може да се врати во минатото, Шарлиз не се двоумела.

    „Би ги натерала своите родители да се разведат, тоа е сè. Што се однесува до останатото, мојот живот е прекрасен и никогаш не би го менувала“, заклучила актерката.

    Инаку, нејзиниот пат до славата започнал кога имала само 16 години. Тогаш потпишала договор со италијанската модна агенција и со мајка ѝ се преселила во Милано. Три години подоцна, повторно се преселила, овојпат во Лос Анџелес за да напредува во актерската кариера.

    Таа е добитничка на Оскар за најдобра женска улога во филмот „Чудовиште“. За улогата во наградениот филм Шарлиз се здебелила 15 килограми.

    По освоениот Оскар се вратила во ЈАР за да го прослави големото признание. На прославата стигнал и Нелсон Мендела којшто ја пофалил. Денес Шарлиз е една од актерките во А листата и е многу ценета во својата работа.

    Што се однесува до љубовниот живот, актерката изјавила:

    „Никогаш не сум сакала да се мажам, ниту сум била во искушение да се предомислам. Едноставно не е важен бракот, важен е односот на двајца луѓе“.

    Пред 11 години актерката го  Џексон, а три години подоцна и Август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img