„Резолуцијата во која се колне СДС, и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци“.
Вака ВМРО-ДПМНЕ реагираше на резолуцијата донесена во Бундестагот во Германија во врска со македонскиот идентитет, јазик и култура.
Од партијата додаваат дека Резолуцијата на Бундестагот во едно е децидна, а тоа е дека владата мора да ја зајакне борбата против корупцијата и да работи на засилување довербата во судството.
„СДС наместо да турка уставни измени под бугарски диктат, да се зафати со подобрување на состојбата во институциите, во периодот кој им остана. А потоа ќе следи одговорност и за криминалот, но и за деградирањето на институциите кое систематски го спроведоа“, се вели во соопштението.
СДСМ претходно го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не лобирал кај сестринските конзервативни партии во Бундестагот кои не гласаа „за“ прифање на резолуцијата во германскиот парламент.
Вчера, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, исто така реагираше дека зборот „Македонци“ не се спомнува во Резолуцијата.
„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за “македонскиот идентитет” е пет страници текст и ниту еднаш (со бројки: 0 пати) не го содржи зборот Македонци!? Фала Шолц, не требало да се трошите“, напиша тој на Фејсбук.