More

    Бајден најавува дека САД не ја менуваат тактиката

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби на САД, указот за вонредната состојба на Западен Балкан останува на сила. Тој рече дека поради оваа причина е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.

    „Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана на националната безбедност и за надворешната политика на Соединетите Држави“, рече Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

    Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, која била проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26 јуни 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img