More

    Исланд привремено го суспендира ловењето китови. За што точно се работи?

    spot_img

    Владата на Исланд денеска објави дека го суспендира ловењето китови до крајот на август, во име на благосостојбата на животните, навестувајќи и дека на контроверзната практика и се ближи крајот.

    „Донесов одлука привремено да го прекинам ловењето на китови“ до 31 август, изјави министерот за храна Свандис Сваварсдотир, додавајќи дека одлуката е заснована на законот за благосостојба на животните.

    Министерот додаде дека оваа активност нема иднина доколку владата и носителите на дозволата за лов не можат да ги гарантираат условите за благосостојба на китовите.

    Последното активно ловечко друштво во земјава, Хвалур, веќе најави дека оваа сезона ќе биде последна поради падот на профитабилноста на ловот на китови.

    Сезоната на китови во Исланд трае од средината на јуни до средината на септември, но активностите најверојатно нема да продолжат по 31 август.

    Годишните квоти дозволуваат убивање на 209 големи и 217 мали китови. Но, уловот е послаб во последниве години поради помалата побарувачка за месо од китови.

    Според последните анкети, 51 отсто од Исланѓаните се против ловот на китови, наспроти 42 отсто пред четири години.

    Исланѓаните се против ловот бидејќи убивањето на кит може да потрае неколку часа и е спротивно на исландскиот закон.

    Видео снимката неодамна објавена од властите ја покажува агонијата на китовите фатени минатата година.

    Исланд, Норвешка и Јапонија се единствените земји кои сè уште дозволуваат лов на китови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img