More

    Рубен Варданјан уште прави потреси во Нагорно-Карабах

    spot_img

    „Варданјан е еден од најбогатите луѓе во Русија и пријател на Путин… Тој е обвинет за перење пари преку офшор компании и префрлање пари на влијателни пријатели на Путин. Неговите врски со Иран може да се следат преку фондот „Горчак“, кој организира настани во различни земји, вклучително и во Ерменија, со учество на говорници од Техеран одобрени од владата“.

    Вака напиша Вашингтон тајмс за контроверзниот руски бизнисмен кој од пред некој ден е на црниот список на украинската база на податоци „Миротворец“. Варданјан за Украинците е „предмет на итно апсење и предавање на надлежните органи во Украина или земјите на НАТО“.

    Тој е шеф на сепаратистичката организација во Нагорно-карабах, која има за цел да ги помести работите во овој регион во корист на Путин.

    Варданјан има ерменско потекло. Тој ја предводеше таканаречената влада на Нагорно-Карабах од ноември 2022 година до февруари 2023 година, територија која де јуре е дел од Азербејџан, но е делумно окупирана од проруските сепаратисти поддржани од Кремљ. Сепак, по повлекувањето, Варданјан продолжува да го нарушува мирот во Карабах.

    Во екот на напорите на ОН и ЕУ за постигнување мирно решение меѓу Ерменија и Азербејџан во врска со Карабах, кој е делумно окупиран од проруските сепаратисти, тој ги застапува интересите на Кремљ. На пример, Варданјан кон крајот на мај ги повика Ерменците да го спуштат оружјето.

    Во својот говор на митингот во градот Канкенди на 9 мај, тој повторно ја нагласи потребата од руско воено присуство, што американскиот Волстрит журнал го нарекува инструмент за зачувување на влијанието на Путин на Јужен Кавказ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img