Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Температурата ќе достигне до 34 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура во главниот град ќе биде до 14 степени, додека максималната ќе изнесува 32 степени
В среда нѐ очекува сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а иста временска прогноза ќе имаме и во четврток.