Целијачна болест е имунолошка реакција на телото на внесување на глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта. Ако некое лице страда од целијачна болест, консумирањето глутен предизвикува имунолошки одговор во неговото тенко црево.
Со текот на времето, оваа реакција ја оштетува слузницата на тенкото црево и го спречува да апсорбира одредени хранливи материи, објави клиниката Мајо.
Но, како да препознаете дека се работи за целијачна болест? Како што објаснуваат лекарите, оштетувањето на цревата што се јавува како реакција на целијачна болест често предизвикува:
дијареа
замор
губење на тежина
надуеност
анемија.
Како што пренесува Индекс, овие симптоми може да доведат и до сериозни здравствени компликации. На пример, кај малите деца, малапсорпцијата може да влијае на нивниот раст и развој, покрај тоа што предизвикува симптоми забележани кај возрасните.
Иако не постои лек за целијачна болест, следењето на строга диета која вклучува избегнување на секаква храна со глутен може да помогне во управувањето со симптомите и да го промовира заздравувањето на цревата кај повеќето луѓе.