More

    Објавена последната порака на британскиот милијардер заробен во исчезнатата подморница

    spot_img

    Пензионираниот астронаут на НАСА, полковник Тери Виртс, рече дека неговиот пријател, британскиот милијардер Хамиш Хардинг му испратил порака непосредно пред да заплови со подморницата на пат со потонатиот брод Титаник. Хардинг е еден од петте лица заробени на исчезнатата подморница.

    Виртс ја откри последната порака што ја добил од својот пријател во која го извесува дека ќе отплови со подморницата на планираната мисија.

    „Еј, заминуваме утре, изгледа добро, времето беше лошо, па чекаа“.

    Додека спасувачките тимови продолжија да го бараат подводниот брод со пет лица, полковникот Виртс додаде дека тој и неговиот пријател воопшто не разговарале за ризиците на ова патување.

    Хардинг е претседател на приватната компанија за авиони Action Aviation и еден од експертите за мисијата на бродот OceanGate Expeditions кој се нурна во водите на океанот, во неделата вечер на околу 435 милји јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд, Канада.

    Големата операција за пребарување и спасување, предводена од американската крајбрежна стража во која учествуваа и воени авиони, продолжи утринава.

    Полковникот Виртс изјави за Добро утро Британија на ITV денес:

    – Тој се спушти до најдлабокиот дел на океанот, постави неколку светски рекорди… во Маријанскиот Ров, најдлабокиот дел од океанот – посочува полковникот Виртс во изјавата за британските медиуми.

    Хардинг го постави Гинисовиот рекорд за најдолго време поминато на дното на морето. Тоа беше еден од трите светски рекорди што ги освои 58-годишниот британски милијардер.

    Неговиот прв рекорд беше поставен во 2019 година, за најбрзо обиколување на Земјата преку Северниот и Јужниот пол со деловен авион Gulfstream 650ER. А, минатата година Хардинг отиде и во вселената.

    Полковникот Виртс појасни дека ова не било само авантуристичко патување, туку и научно-истражувачка мисија.

    – Тие всушност одат таму на забавно патување, но исто така се занимаваат со сериозна наука. Потонатиот брод Титаник се менува со текот на годините, почнува да се распаѓа. Има неколку научници во мисијата кои всушност ја гледаат подморската површина и како оди Титаник. Значи, тоа не беше само забавно патување, тие всушност правеа вистинско истражување за целото човештво – рече Виртс.

    Од подморницата Титан бил испратен сигнал за помош, но времето на комуникација се уште не е познато. Д-р Сајмон Бокал од Универзитетот во Саутемптон рече дека има „половни информации“ дека бил примен сигнал од исчезнатиот брод.

    – Наводно, добиле, а не знам кога… добиле итен пинг кој сигнализира дека бродот е во неволја. Не знам дали е генериран автоматски или е генериран од луѓето на бродот. Не се знае кога е испратена пораката – истакнува Бокал.

    Во тек е голема пребарувачка мисија во Атлантскиот Оекан кај Њу Фаундленд. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража.

    Американските и канадските власти имаат помалку од три дена за да ја најдат потонатата подморница „Титан“ која вчера потона на мисија во која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img