Во центарот на Сараево попладнево настана пожар во зградата на Централниот затвор, а пожарот ги зафати Општинскиот и Кантоналниот суд.
Како што е потврдено за порталот „Аваз“, раководството на Казнено поправниот дом Сараево ги евакуирало сите останати затвореници на пониските катови поради ширење на чад и за да не ги повреди затворениците.
На местото на настанот се испратени неколку возила на противпожарна бригада на кантонот Сараево.
Како што неофицијално дознава „Дневни аваз“, пожарот избувнал откако на покривот се запалил дел од оџакот.