More

    „Неуралинк“ до крајот на годинава ќе почне да вградува мозочни чипови на луѓе

    spot_img

    Компанија „Неуралинк“, на милијардерот Илон Маск до крајот на годината  ќе почне со имплатација на првиот мозочен чип.

    Маск ова го соопшти на конференцијата VivaTech во Париз.

    Минатиот месец, компанијата за ова  доби дозвола да тестирање на мозочни чипови на луѓе од Управата за храна и лекови на САД.

    Станува збор за чипови-импланти кои, како што велат од компанијата, ќе помогнат за подобрување на подвижноста на лицата со парализа и враќање на видот кај оние што го изгубиле преку поврзување на мозокот со компјутер.

    Чиповите што претходно беа тестирани на мајмуни се дизајнирани да интерпретираат сигнали кои ги создава мозокот и да пренесуваат информации на компјутерскиот уред преку Bluetooth.

    Експертите предупредија дека мозочните импланти на „Неуралинк“ пред да станат достапни за широка употреба треба опсежно да се тестираат за да се надминат техничките и етичките предизвици. Од компанијата ветија дека наскоро ќе објават повеќе информации, но и дека безбедност, достапност и доверливост ќе бидат нивните приоритети за време на инженерскиот процес.

    Објавата за одобрението од ФДА следи по неодамнешните вести за парализиран човек од Холандија кој со помош на мозочни импланти креирани од истражувачи од Шведска успеа да се движи само ако мисли на тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img