Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уанци, Општина Градско, од страна на СВР Велес.
Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. За оваа е известена ДЗС и Локалната самоуправа.
РЦУК – Велес, изестува дека заради долготрајните врнежи од дожд нивото на Реката Вардар е зголемено и во 07.30 часот измерени се 200 см, што е за 40 см повеќе од нормалното. Од страна на СВР Велес сме известени дека мостот на с.Уланци – Општина Градско е во функција и нема опасност од несакани последици. Мостот кај Уланци е прооден и воопшто не бил забранет. Денес луѓето од селото оделе на пазар во Велес и велат дека по него се сообраќа и има механизација кој ги чисти наносот.