More

    Заменик-директорот Мифтари вели дека Албанците се дискриминирани во ова ЈП

    spot_img

    Омраза, занемарување, дискриминација врз етничка основа и бројни злоупотреби на службената должност, се само дел од обвинувањата на заменик-директорот на „Национални шуми“ Сафет Мифтари упатени кон за директорот Валентин Груевски.

    На првиот работен ден, Мифтари вели дека побарал неговото име да биде напишано на албански, но потоа, како што тврди, албанската верзија била покриена со црн спреј и од таблата на влезот во институцијата.

    – Имаме 10 сектори и нема ниеден раководител Албанец во нив. Побарав најмалку тројца раководители и тројца заменик-раководители на сектори, но не беше прифатено. Истото се случува и со регионалните единици, така што ова јавно претпријатие е составено од 30 регионални единици, во секој град и исто и кај тие директорски места, според правичната застапеност треба да имаме 9 директори, но и тоа не е направено, има само тројца од ДУИ – изјави Мифтари за Алсат М.

    Во оваа институција со над 1.800 вработени, Албанците се застапени со помалку од 5 проценти, тврди заменик-директорот Мифтари. Тој вели дека поради неговата националност директорот целосно го игнорира, па повеќе овластувања од него имале и вработените од пониско ниво. Мифтари се сомнева дека се местат тендери и најави кривични пријави.

    – Ако не се преземат мерки, апелирам до надлежните институции, почнувајќи од Агенцијата за спроведување на законот за албански јазик, Антикорупциската комисија, Финансиската полиција, да преземат мерки бидејќи јас исто така ќе поднесам кривични тужби против него, ако не се преземат мерки за спречување на злоупотреби. Се сомневаме дека и владини фирми тука местат тендери – рече Сафет Мифтари, Заменик-директор на ЈП Национални шуми.

    Мифтари додава дека иако побарал, не му била дадена целосната листа на вработени, бидејќи секој ден во канцеларијата гледа нови луѓе што му ги носи Либерално-демократската партија.

    Во изјава за Алсат М директорот Валентин Груевски овие обвинувањата ги нарекол глупости, а Мифтари го оквалификувал како конфликтен човек. Тој вели дека тројца Албанци се раководители на регионални единици, но, според него, во институцијата нема шумарски инженери Албанци, што е услов да се биде директор на сектор или на регионална единица.

    На нападите на Мифтари одговори лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, од каде доаѓа директорот Груевски.

    До кога ќе ги делите луѓето по етничка основа, партии, проценти и балансери, наместо по квалитет, а притоа ќе зборувате за дискриминација?!? Доколку кој било во ЛДП има што било против Албанците или која било друга етничка заедница немаше во своите раководни структури да има Албанци и припадници на други етнички заедници.

    Еве ако одиме на етничка дискриминација го прашувам раководството на партијата од каде доаѓа Мифтари колку Македонци и припадници на други етнички заедници имаат во раководната структура на партијата?!?

    До кога ќе молчат за институциите кои ги раководат, а ќе клеветат дека немало Албанци во институција која ја раководи Македонец само затоа што нема директори на подружници од нивната партија? До кога ќе молчат за дискриминацијата која ја трпат другите маргинализирани групи во државава? До кога ќе се делиме? Кој/кого дискриминира?!? Играњето на етничка карта на никому не му носи ништо, а најмалку напредок во едно општество. За останатите наводи ако има докази и факти, нека ги достави до надлежните органи“ – напиша Зајкова на својот фејсбук-профил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img