Неверојатна сцена била снимена на линијата на фронтот во Украина. На видеото јасно се гледало како оклопно возило наеднаш пробило низ ѕидот и излегло од една напуштена селска куќа.
На возилото немало видливи ознаки и не можело со сигурност да се каже дали „BMP-2“ припаѓал на вооружените сили на Украина или на руската пешадија.
Не било познато ниту дали по маневарот интервенирало возилото и дали веднаш се вклучило во борбата или било скриено внатре во куќата како не би било откриено од непријателот.
„BMP-2“ е оклопно пешадиско борбено возило, кое станало дел од војската на тогашната СССР во текот на 1980-тите. Засега не било познато каде точно е направена снимката.