Американскиот милионер Бил Гејтс беше пречекан како близок пријател и драг гостин од кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.
Џинпинг го нарече Бил Гејтс стар пријател изразувајќи надеж дека тие ќе можат заеднички да спроведат активности што ќе бидат корисни и за Кина и за САД, на првата средба меѓу кинескиот претседател и ко-основачот на Мајкрософт по неколку години.
На состанокот во државниот пансион Диаојутаи во Пекинг, каде што кинеските лидери историски примаат високи странски гости, Си Џинпинг му рекол на Гејтс дека е многу среќен што го видел, опишувајќи го како првиот американски пријател што го сретнал оваа година.
– Често велам дека основата на односите на Кина со Америка лежи во нејзиниот народ. Моите надежи ги полагам во американскиот народ. Со сегашната глобална ситуација, можеме да спроведеме различни активности кои се од корист за нашите две земји и народи, активности кои имаат корист за целото човештво. Со сегашната глобална ситуација, можеме да спроведеме различни активности кои се од корист за нашите две земји и народи, активности од кои има корист и целото човештво – изјави кинескиот претседател во видеото емитувано од државната CCTV.
Бил Гејтс, кој пристигна во Пекинг во средата, му рече на Си Џинпинг дека е почестен што има можност да се сретне со него.
– Отсекогаш сме имале одлични разговори и ќе имаме многу важни теми за разговори денес. Бев многу разочаран што не можев да дојдам во последните четири години, па затоа е многу возбудливо да се вратам – рече Бил Гејтс
Си Џинпинг во последните три години престана да патува во странство бидејќи Кина ги затвори своите граници за време на пандемијата, а неговите меѓународни состаноци од повторното отворање беа главно со други државни водачи.
Последната официјална средба меѓу Си Џинпинг и Бил Гејтс беше во 2015 година, кога тие се сретнаа на маргините на Форумот Боао во провинцијата Хаинан. На почетокот на 2020 година, кинескиот претседател му напиша писмо на Гејтс во кое се заблагодарува нему и на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за ветената помош за Кина, вклучително и пет милиони долари за борбата на земјата против коронавирусот.