More

    Зеленски му одговори на Трамп за изјавата дека може да донесе мир за 24 часа

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски не смета дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да донесе мир во Украина за 24 часа ако се врати во Белата куќа, како што Трамп изјави минатиот месец.

    Зеленски во интервју за Ен-Би-Си Њуз во врска со ова рече:

    – Зошто не го направи тоа порано? Тој беше претседател кога се водеше војната овде. Мислам дека тој не можеше да го стори тоа. Мислам дека нема луѓе денес во светот кои би можеле само да имаат збор со Путин и да ја прекинат војната.

    Зеленски тука мислеше на војната на Крим во 2014 година додека Трамп беше претседател.

    Борбите во 2014 година избуванаа набргу откако тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, беше соборен од власта во Киев.

    Зеленски ги покани Трамп и неговиот колега од републиканската партија Рон Де Сантис да дојдат во Украина, предупредувајќи дека поразот на неговата земја ќе значи само поширок конфликт со Москва подоцна.

    Интервјуто на Зеленски доаѓа неколку дена по почетокот на долгоочекуваната контраофанзива, чија цел е да ги избрка силите на рускиот претседател Владимир Путин од окупираната територија. Според Зеленски, ако контраофанзивата е успешна, Русија ќе ја изгуби војната.

    Зеленски рече и дека вестите од првата линија на фронтот се „во принцип позитивни“, но додаде дека контраофанзивата „е многу тешка“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img