More

    Спотифај ѝ го укина поткастот, но таа не се предава!

    spot_img

    Познатиот сервис Спотифај го укина поткастот на Меган Маркл по само една прикажана сезона, а со тоа пропаѓа договорот од 20 милиони долари кои војвотката и принцот Хари го потпишаа со компанијата уште во 2020 година.

    „Се договоривме да ја прекинеме нашата соработка и горди сме на серијата што ја создадовме заедно“, соопштија Меган и компанијата во заедничката изјава. Но, британските медиуми пишуваат дека разделбата не била толку „обемна“, туку дека Спотифај решил да го откаже шоуто на Меган Маркл.

    Добро упатените извори за њујоршкиот весник „Волстрит Журнал“ велат дека Хари и Меган не успеале да го испорачаат она што се очекувало од нив со поткастот „Архетипови“.

    Погледнете како изгледаше подкастот на Меган!

    Но, Меган не се откажува и планира да ѝ го понуди поткастот на друга компанија за да го емитува.

    Нo исто така, неодамна, извори блиски до парот рекоа дека Меган и Хари, по документарната серија за Нетфликс што јавноста ја дочека „на нож“, планираат да се повлечат од забавната индустрија.

    – Ќе престанат да ги отвораат срцата во интервјуа и документарци, бидејќи едноставно немаат што повеќе да кажат – изјави извор близок до Меган и Хари.

    Инаку, Спотифај неодамна објави дека ќе отпушти околу два отсто од своите вработени. Отпуштени се околу 200 работници, кои работат токму во тимовите задолжени за подкасти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img