More

    Наталија имала тешко детство на дете-бегалец од Краина

    spot_img

    Никола Јокиќ ги полни насловните страници по освојувањето на шампионската титула и МВП титулата во НБА. Во прославата на големиот успех покрај него постојано беа неговата сопруга Наталија и ќеркичката Огњена.

    А, покрај овие нови среќни насловни страници, српски „Новости“ извадија и една постара од пред 28 години и не толку среќна. На неа е Наталија како бебе, малку помлада од нејзината ќеркичка Огњена, во прегратка на нејзината мајка во деновите на војната и ужасот за српските семејства протерани од Краина. Фотографијата е снимена на 6 август 1995 година.

    – Ние сме Маќешиќ. Ова е Маја, има три и пол години. А ова е Наталија, седум месеци. Првото бебе што се роди годинава, во Краина. Ова е наше второ бегство. Живеевме во Карловац. Кога веќе немаше живот таму, побегнавме во Слуњ. Сега пак бегаме, а не знаеме каде. Знаеме дека нема враќање назад. Ако Србија не не сака, некој, некаде, ќе не прифати, претпоставувам – во стариот напис стои изјавата на мајката на Наталија, Даница.

    Следниот ден, фотографијата на Даница и на нејзините две девојчиња како бегаат од ужасот на војната, осамна на насловната страница на „Вечерње новости“.

    Семејството Маќешиќ, се уште ја чува фотографијата и насловната страница на „Вечерње новости“ во својата куќа во Сомбор. Како спомен на едно страшно време што го надминале и од кое излегле посилни, насочувајќи ги своите две деца на вистински пат.

    Малечкото бебе од таа фотографија, денес е прекрасната млада жена која стои покрај најдобриот кошаркар во НБА како столб на семејството и негова најголема поддршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img