More

    Еве колку ќе добијат руските војници ако онеспособат непријателски тенк

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници ќе добијат премија за секој уништен тенк „Леопард“ од германско производство и оклопни возила испорачани од САД што ги користи украинската војска.

    Ројтерс објави дека Министерството соопшти дека тоа е дел од пошироката шема на награди според која повеќе од 10.000 руски војници веќе добиле индивидуални бонуси од почетокот на војната пред речиси 16 месеци.

    Министерството наведе дека врз основа на извештајот на руските теренски команданти, „во моментов се вршат плаќања на припадниците на вооружените сили на Руската Федерација кои уништија тенкови „Леопард“ за време на воените операции, како и оклопни борбени возила произведени во САД и други НАТО земји“.

     

     

    Руското министерство тврди дека до 31 мај вкупно 10.257 војници се наградени за уништување на 16.001 парче украинска и западна воена опрема, а Ројтерс вели дека овие тврдења не се независно потврдени.

    „За уништување на оклопното возило на непријателот војникот ќе добие 50.000 рубљи (596 долари), а за тенкот по 100.000 рубљи (1.192 долари)“, соопшти руското министерство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img