More

    Ал Пачино стана татко на 83 години

    spot_img

    Само десет дена откако во Холивуд пукна веста за бременоста на Нур Алфала, девојката на Ал Пачино, оваа 29-годишна жена го роди своето прво дете, а на актерот четврто.

    Така Пачино стана татко на 83 години!

    Среќната вест ја потврди и самата Нур, која е 54 години помлада од Пачино, но полот на детето не е откриен.

    Да потсетиме, веста за бременоста беше проследена со бројни контроверзии, меѓу кои и тврдења дека Ал не бил сигурен дека детето е навистина негово. Сепак, извор близок до парот инсистирал дека парот е пресреќен поради бременоста, иако тоа било изненадување.

    Да потсетиме, парот е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Инаку, Алфала е очигледно „слаба“ за постарите мажи, со оглед на тоа што во минатото беше во врска со Мик Џегер (78), а парот раскина во 2017 година. Интересно е што во 2019 година ме поврзуваа и со Клинт Иствуд (91), но на крајот тврдеа дека се само пријатели.

    Нур неодамна во едно интервју откри дека луѓето навистина ја коментирале нејзината врска со Џегер, но дека не се кае за ништо и дека има многу убави спомени од таа романса.

    „Годините не ми беа важни. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и беше среќен период“, изјави оваа 28-годишна девојка за „Хелоу“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img