More

    Груевски ги отфрла тврдењата на екс-министерот Димитровски

    spot_img

    Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале поддршка за двотретинско мнозинство за промени на Уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил. Затоа сега ја информирам јавноста дека никој не дошол кај мене да бара било што, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

    „Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи. Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што. Лажна вест! Штета што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија, па лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира“, напиша Груевски.

    Инаку, поранешниот заменик-министер за локална самоуправа Зоран Димитровски вчера изјави дека има информација, дури и фото документација, дека лица од СДСМ го посетиле експремиерот Груевски во Будимпешта и му понудиле амнестија.

    – Груевски таквата соработка ја одбил. Без оглед какви се неговите моментни односи со лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, тој одбил да биде дел од подземни игри за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. Ова можам да го кажам авторитетно и со информации што ги имам од теренот. Постојат фотографии од средбата со Груевски на луѓе кои што се испратени од СДСМ – рече Димитровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img