More

    Американците се шегуваат – тој навистина брза да се врати на својата фарма во Србија!

    spot_img

    Го нема никаде! Најдобриот кошаркар во НБА, Никола Јокиќ го изгуби МВП пехарот што го освои заедно со шампионската титула со Денвер нагетс. Српскиот кошаркар е хит во Америка и поради неговите игри во НБА плејофот, шампионскиот прстен што го освои, големите рекорди, но и поради неговата „незаинтересираност“ за сето тоа.

    Јокиќ е добитник на наградата МВП во големото финале, која му ја врачи првиот човек на лигата, Адам Силвер, но српскиот центар нема трофеј.

    За време на интервјуто за „ESPN“ водителката Малика Ендрјус беше видно изненадена бидејќи тој не го понесе трофејот со себе.

    – Морам да ви кажам, направив неколку од овие интервјуа со МВП-и од финалето, вие сте првиот која влезе без трофеј – рече Ендрјус.

    Но, водителката потоа беше уште повеќе шокирана кога го слушна одговорот на Јокиќ:

    -Навистина не знам каде е!  Го оставив во просториите на нашиот менаџер за опрема, а потоа пехарот исчезна некаде. Така што поим немам. Се надевам дека некако ќе заврши кај мене дома  – рече  Јокиќ низ смеа.

    Јокиќ ќе го чека пехарот во Сомбор, бидејќи веќе планира да си оди дома на коњските трки в недела.

    Американците се шегуваат дека на најдобриот кошаркар во НБА поважни му се коњите отколку пехарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img