More

    Дел од планински врв се урна во австриската провинција Тирол

    spot_img

    Дел од планински врв се урна во австриската провинција Тирол, предизвикувајќи повеќе од 100.000 кубни метри карпи паднаа во долината и предизвикаа лизгање на земјиштето.Карпите почнаа да паѓаат во неделата од Флухторн, планина висока 3.400 метри (11.155 стапки) на Алпите на швајцарско-австриската граница, а геолозите велат дека колапсот бил предизвикан од топењето на вечниот мраз (постојано замрзнато тло).

    Во одронот за среќа нема повредени.

    „Ова е релативно голем инцидент. Станува збор за најмалку 100.000 кубни метри карпа што се срушила, а веројатно и повеќе од тоа“, рече Томас Фигл, државен геолог, во видеото објавено од владата на тиролската покраина.

    Геолозите го припишуваат колапсот на топењето на вечниот мраз. Областа на долгорочно замрзнато тло најчесто се поврзува со арктичките региони, но исто така се среќава и на европските Алпи.

    „Можеме да бидеме релативно сигурни за причината за овој инцидент: вечниот мраз. Мразот е лепак на планините, а со текот на времето се топи поради климатските промени. Тоа потоа ги предизвикува последиците што ги гледаме овде“, вели Фигл.

    Топењето на вечниот мраз може да има многу негативни последици, изјави за Си-Ен-Ен Марсија Филипс, шеф на истражувачка група за вечен мраз во Швајцарија. Водата може да навлезе длабоко во карпите и да предизвика пукање, објасни таа.

    Климатските промени предизвикани од човекот ги зголемуваат глобалните температури, што доведува до топење на вечниот мраз и топење на снегот и глечерите, па експертите претпоставуваат дека свлечиштата во овој регион ќе зачестат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img