Едно лице е убиено вечерта на „Улица Ц“ во Приштина.Извори на Индексонлајн информираат дека убиениот кој е застрелан со огнено оружје-калашников е Блерим Даци, кој имал и лажни документи кои ги користел, а биле на име Блерим Шабани.
Инаку, жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија.
Претходно објавена вест:
Едно лице е убиено вечерва во Приштина, соопшти косовската полиција.
Според косовските медиуми, портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, изјавила дека инцидентот се случил околу 20 часот, каде имало пукање.
„Полицијата излегла на местото на пукањето и според првите информации добиени од лекарот од Итна медицинска помош, било потврдено дека е пронајдено телото на едно лице“, се вели во изјавата на Ахмети, која ја пренесуваат приштинските медиуми. .
Таа посочи дека полицијата продолжува со увидот, како и со дејствија за идентификување и лоцирање на осомничените.